Достапни линкови

logo-print

НАТО потврди, нема да ги предава затворениците во авганистанските затвори


НАТО денеска ја потврди информацијата дека Алијансата престанала да ги предава затворениците во авганистанските затвори по обвинувањата за тортура во извештајот на Обединетите Нации, кој се уште не е објавен. Потпаролот Карстен Јакобсон денеска изјави дека трансферот на затвореници ќе биде суспендиран се додека официјално не се потврдат обвиненијата. Тој додаде дека тоа е превентивна мерка и дека се однесува само за неколку затвори.
XS
SM
MD
LG