Достапни линкови

logo-print

Преговорите со Бани Валид завршија, бунтовниците се подготвуваатза напад


Либиските бунтовници соопштија дека се прекинати преговорите со претставниците на градот Бани Валид и дека се подготвeни за напад. Тие се наоѓаат на 15 километри од градот кој се смета дека еден од последните упоришта на поддржувачите на Моамер Гадафи. Илјадници бунтовнички војници од Националниот преоден совет се подготвени да го нападнат градот Бани Валид.
Потпаролот на Гадафи Муса Ибархим за новинската агенција Ројтерс изјави дека не верува оти Бaни Валид ќе се предаде затоа што доминантното население како дел од племнската заедница Варфала се уште се лојални на Гадафи. Силите на новата привремена влада на Либија соопштија дека напредуваат и во приближувањето до стратегиските места во родниот град на Гадафи,Ситре и Сабха.
XS
SM
MD
LG