Достапни линкови

logo-print

Лојалистите на Гадафи добија рок за да кренат бело знаме


Либиските бунтовници им дадоа рок на лојалните сили на Моамер Гадафи до сабота да се предадат или ќе се соочат со нивната воена сила. Лидерот на Националниот преоден Совет Мустафа Џалил изјави дека се во тек разговори со официјални претставници на Сирте и уште неколку градови да се предадат доброволно. Разговорите се водат во бунтовничкото упориште Бенгази.
Ултиматумот за Гадафи следува по соопштението дека неговото семејство побегнало во Алжир.
Алжирското министертво за надворешни работи соопшти дека семејството е примено од хумани причини.
Потпаролот на либискиот совет Махмуд Шамам го оцени како акт на агресија против либискиот народ. Шамам изјави дека ќе ги употребат сите законски мерки за да се екстрадира семесјтвото на Гадафи со цел да стартува судски процес против нив. Тој предупреди дека секој што ќе планира да му понуди прибежиште на Гадафи ќе се смета дека е напријател на либискиот народ.
XS
SM
MD
LG