Достапни линкови

Косор: Хрватска не го прашува Белград


Премиерите на Хрватска и на Косово Јадранка Косор и Хашим Тачи во Приштина, 24.08 2011.

Премиерите на Хрватска и на Косово Јадранка Косор и Хашим Тачи во Приштина, 24.08 2011.

Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска изјави дека некои политичари во Хрватска и во Србија ни 20 години од хрватската независност не можат да сфатат дека хрватските премиери веќе не одат во Белград по совет, молба или дозвола. Таа ова го изјави по коментарите на шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ за нејзината посета на Косово. Јеремиќ вчера по повод изјавата на Косор дека Хрватска му е најголем пријател на Косово во регионот рече: ,,На оној на кој Косор му е најдобар пријател, не му требаат непријатели,,.
XS
SM
MD
LG