Достапни линкови

Европа се сеќава на жртвите од сталинизмот и нацизмот


Европски претставници се собраа денеска во Варшава да оддадат почит на жртвите од сталинизмот и нацизмот по повод 72- годишшнина од потпишувањето на пактот за ненапаѓање меѓу тогашните нацистичка Германија и Советски сојуз. Договорот познат како Рибентроп-Молотов пакт го отвори патот кон Втората Светка Војна, со инвазијата во 1939 година на Полска правејќи поделба на земјите меѓу нив. Тоа подоцна доведе до советска окупација на Литванија, Латвија и Естонија. Претставниците на неколку европски земји денеска се потпишаа на „ Варшавска декларација“ со која ветуваат дека „ страдањето на жртвите од тоталитарниот режим нема да падне во заборав“. Настанов следува откако во 2008-мата година Европскиот Парламент одлучи да се прогласи 23 август за Европски ден посветен на жртвите од сталинизмот и нацизмот.
XS
SM
MD
LG