Достапни линкови

Ал Каеда се уште главна терористичка закана за САД


Новиот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири.

Новиот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири.

Ал Каеда и натаму останува главна терористичка закана за САД, особено затоа што организацијата соработува со исламистички милитанти во Авганистан и во Пакистан, се наведува во годишниот извештај за глобалниот тероризам на американскиот Стејт Департмент. Извештајот се однесува на 2010 година, пред убиството на Осама бин Ладен во мај годинава.

Според извештајот, САД ги сметаат Иран, Сирија, Судан и Куба за држави што спонзорираат тероризам.

Според статистиката на Американскиот национален центар за контратероризам, во 2010 имало повеќе од 11.500 терористички напади во 72 земји во светот, во кои загинале повеќе од 13.200 луѓе. Повеќе од три четвртини од нападите се случиле во Јужна Азија и на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG