Достапни линкови

logo-print

Иран и Либија ја осудија британската полиција


Иран и Либија денеска ја осудија британската полиција за насилствата врз учесниците во уличните немирии, кои веќе четири дена ја потресуваат Велика Британија.
„Дивјачкото однесување на британската полиција е неприфатливо, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџас, пренесува иранската државна телевизија. Тој додава дека британските власти треба да мислат на својот народ наместо да испраќаат трупи во Ирак, Авганистан и Либија.
Ахмадинеџад го осуди и „молчењето “ на Соединетите држави.
Либиските власти исто така го осудија однесувањето на британските власти.
„Камерон и неговата влада треба да ја напуштат власта по демонстрациите против нив и насилството на полицијата извршено над мирните демонстранти, изјави заменик министерот за надворешни работи на Либија, Калед Каим. Тој го повика Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедница да не остант со „скрстени раце“ пред кршењето на правата на луѓето во Велика Британија.
XS
SM
MD
LG