Достапни линкови

Камерон го прекина одморот поради немирите во Лондон


Британскиот премиер Дејвид Камерон го прекина одморот во Италија поради тридневните немири и грабежи во Лондон, кои од ноќеска се проширија и во Бирмингем, Ливерпул и во Бристол. Денеска тој ќе претседава на состанокот на кризниот штаб на владата во Лондон.
Во изминатите три дена, во најголемите немири во Лондон во последните 20 години, полицијата уапсила 215 луѓе кои учествуваа во грабежи на продавници и палење на автомобили по улиците. Немирите почнаа во саботата во сиромашниот лондонски кварт Тотенхем, откако во судир со полицијата беше убиен еден млад човек.
XS
SM
MD
LG