Достапни линкови

logo-print

Слаб интерес за легализација на дивоградбите во Дебар


Дебар

Дебар

Во Дебар има голем број на дивоградби, но слаб интерес за нивна легализација.

И покрај тоа што уште само помалку од еден месец истекува законскиот рок за легализација на дивоградбите сепак во општина Дебар која е позната по големиот број на дивоградби, интересот за нивна легализација е мошне слаб. Само нешто повеќе од десет одсто од граѓаните кои имаат дивоградби доставиле барања нивните незаконски
Околу постапката за легализација има слаб одзив на граѓаните на територијата на општина Дебар, од причина што многу луѓе се на печалба, но делува и причината што луѓето сакаат последните денови да доставуваат барања по традиција, така што очекуваме поголем одзив на крајот на месецов.

изградени објекти да се легализираат. Локалната власт особено внимание посветува на информирањето на населението за можноста што ја дава законот за легализација на дивоградбите, но сепак до сега одзивот не задоволува.

„Околу постапката за легализација има слаб одзив на граѓаните на територијата на општина Дебар, од причина што многу луѓе се на печалба, но делува и причината што луѓето сакаат последните денови да доставуваат барања по традиција, така што очекуваме поголем одзив на крајот на месецов. Рокот е до трети септември“, истакнува Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам при општина Дебар.

Пачуку го објаснува и обидот на дел од жителите на населбата Коњаре во Дебар, да придобијат право легализацијата да се изврши без наплата онака како што тоа го извршиеле седумдесетите години првите жители на оваа населба кои доаѓале во Дебар токму од пограничното село Коњаре, поради тоа што во селото се појавиле подземни води по изградбата на Дебарското Езеро, кога населението од оваа село мигрирало во Дебар во новата населба Коњаре, во согласност и со тогашната општинска власт.

,,Во таа населба куќи имаат изградено луѓе од селото Коњаре каде се појавија подземни води, но тие кога дојдоа во Дебар и изградија куќи во новата населба Коњаре добија од тогашниот Советот на општината
Заради оваа состоба им сугерирам на другите да започнат постапка за легализација на објектите бидејќи тие не се легализирани.
документи за изградба. Но, сега во таа населба живеат и други луѓе како од Дебар така и од другите села, така што тие се обидуваат да го искористат она што го добиле како право првите жители на населбата кои фактички се жители на селото Коњаре кои имале штети од подземните води. Заради оваа состоба им сугерирам на другите да започнат постапка за легализација на објектите бидејќи тие не се легализирани“, вели Пачуку.

Во најзападната општина во Република Македонија нелегални градби има како во градот така и во селата. Според раководителот на секторот за урбанизам диви објекти има како во урбаните места така и во руралните, но спооред него најмногу дивоградби во Дебар има во населбите Коњаре, Ваковска Река, Кодра, но доградби и санација кои немаат документи има и во населбите Венец еден и Венец два. Инаку се оценува дека во општината има околу 2500 дивоградби.

Од друга страна, дел од населението кое има незаконски изградени објекти смета дека треба да се продолжи законскиот рок за легализација на објектите бидејќи за да се достави барање потребни се повеќе документи, а поголемиот дел на населението е на печалба во странство.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG