Достапни линкови

logo-print

Стотина починати бегалци од Либија- тврди преживеана имигрантка


Стотина бегалци од Либија починале за време на еднонеделното патување со брод до Италија, а нивните тела биле фрлени во морето, јави агенцијата Анса, повикувајќи се на изјавата на една анонимна Мароканка која го преживеала патувањето. Кога бродот тргна бевме 300, но околу сто луѓе, повеќето жени, не преживеаја, а мажите мораа нивните тела да ги фрлат од палубата, рекла Мароканката. Од друга страна, италијанската крајбрежна стража соопшти дека патувањето го преживеале повеќе од 300 бегалци.
Од Либија бегаат илјадници луѓе, главно од деловите на земјата каде што има судири.
XS
SM
MD
LG