Достапни линкови

Работнички го мина и Анортозис


Фудбалерите на Работнички се пласираа во четвртото коло од предквалификациите за Лигата на Европа, откако синоќа во Скопје загубија од Анортозис од Кипар со 2:1, но ја зачуваа предноста од 2:0 од гостувањето. Кипраните во второто полувреме ја анулираа предноста, но со голот на Ќумбев на неколку минути пред крајот, Работнички е на чекор од влез во групното натпреварување.
Денеска во швајцарскиот град Нион ќе биде извлечена жрепката за последниот противник на скопскиот клуб во квалификациите.
XS
SM
MD
LG