Достапни линкови

logo-print

Од први август поскапува парното


Парното греење од први август поскапува за 3,13 проценти за потрошувачите од Топлификација А.Д Скопје, а за 0,46 проценти за корисниците од Скопје-Север, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика. Цената на парното за потрошувачите на ЕЛЕМ Енергетика се намалува за 0,93 отсто. Зголемувањето на топлинската енергија се објаснува со зголемување на цената на гасот и мазутот, неостварениот приход на компаниите и намалениот број корисници.
XS
SM
MD
LG