Достапни линкови

logo-print

Собранието се подготвува за избор на новата влада


собрание дебата

собрание дебата

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и координаторите на пратеничките групи ќе го утврдуваат изгледот на собраниската седница на која ќе се избира новата влада.Седницата треба да започне во среда напладне, а ќе трае најдоцна до полноќ следниот ден. На седницата треба да учестуваат пратеници од различни политички партии, а редоследот на нивното обраќање го утврдува Претседателто на Собранието. На седницата за избор на новата влада, како што се предвидува во Деловникот за работа на Собранието, мандатарот Никола Груевски треба да ја образложи Програмата и Предлогот за состав на владата пред пратениците. Гласањето за избор на владата се врши по Предлогот за состав на владата во целина со јавно гласање.
XS
SM
MD
LG