Достапни линкови

Амбасадорите на САД и Франција несмеат да излезат од Дамаск


Амбасадата на САД во Дамаск

Амбасадата на САД во Дамаск

Сирија ги предупреди денеска амбасадорите на Америка и на Франција да не патуваат надвор од главниот град без дозвола од властите. Предупредувањето го даде министерот за надворешни работи Валид ал Моалем. Тој рече дека на дипломатите им е забрането да одат на 25 километри надвор од Дамаск. Пред две недели двајцата дипломати го посетија градот Хама, на северниот дел од земјата, кој е центар на четири-месечното востание против режимот на претседателот Башар ал-Асад .
XS
SM
MD
LG