Достапни линкови

Папандреу-време е Европа да најде решение за кризата


 Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Време е Европа да се разбуди и да пронајде решение за должничката криза во Грција, која се заканува да ја загрози целата еврозона, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во интервју за денешниот број на атинскиот весник „Катимерини“.
Папандреу во интервјуто вели дека Грција ќе успее да го врати огромниот долг од 350 милијарди евра, а за таа цел во тек се разговори за изнаоѓање долгорочно решение за излез од кризата.
На 21 јули во Брисел ќе се одржи вонреден Самит на ЕУ на кој би требало да се најде трајно решение за излез на Грција од кризата, која се заканува да се прелее и во други земји од еврозоната, пред се Италија
XS
SM
MD
LG