Достапни линкови

Москва останува противник на САД?


Конгресменката Илеана Рос-Лехтинен

Конгресменката Илеана Рос-Лехтинен

Претседателката на американската парламентарна комисија за надворешни работи, републиканката од Флорида, Илеана Рос-Лехтинен, изјави дека Москва останува противник на САД. Таа ја критикуваше Русија за кршење на човековите права и за, како што рече, агресијата врз Грузија. На сослушувањето во Конгресот Рос-Лехтинен рече дека „е време да се паузира ресетот“, алудирајќи на стратегијата на администрацијата на претседателот Барак Обама за ресетирање на односите со Русија. Рос-Лехтинен побара од членовите на комисијата да разгледаат дали САД имаат корист од, како што рече, компромисите што САД ги прават со Москва.
XS
SM
MD
LG