Достапни линкови

Притвор за оние кои аплаудирале на говорот на Лукашенко


Говорот на Лукашенко

Говорот на Лукашенко

Многу опозициски активисти биле уапсени денеска во Белорусија за попречување на говорот на лидерот Александар Лукашенко, бидејќи аплаудирале премногу ентузујастички. Лукашенко држел говор за Денот на независноста, национален празник со кој се одбележува крајот на нацистичката окупација на земјата. Празникот бил одбележан и со воена парада. Демонстрантите, кои го обвинуваат Лукашенко за не-демократско владеење, организирани преку социјалните мрежи се согласиле да го прекинат говорот на Лукашенко со силен аплауз. Во својот говор, Лукашенко обвинил дека странските медиуми се обидуваат да поттикнат револуција во Белорусија, слична на оние во Украина и Грузија во последните неколку години. Тој претходно ги обвини Германија и Полска дека се обидуваат да го соборат од власт. Лукашенко се појавил во воена униформа, заедно со неговите шестгодишен син Николај, кој исто така бил во воена униформа.
XS
SM
MD
LG