Достапни линкови

logo-print

Нов шеф на ФАО е Бразилецот Жозе Грасијано де Силва


Бразилецот Жозе Грасијано да Силва е новиот шеф на Агенцијата за храна и земјоделство при ОН. Тој беше избран на состанокот во Рим. Да Силва е првиот преставник на Латинска Америка кој на чело на Агенцијата ќе се бори против глатта во светот. Тој доаѓа на место на Жак Дијуф од Сенегал, која на чело на ФАО беше 17 години. Пред новиот шеф на ФАО е тешка задача да се справи со глатта во светот. Се проценува дека има околу 925 милиони луѓе кои гладуваат. А секоја шеста секунда во светот умира по едно дете како последица на глад или неухранетост.
XS
SM
MD
LG