Достапни линкови

logo-print

Панета едногласно избран за секретар за одбрана


Леон Панета

Леон Панета

Американскиот Сенат, едногласно, со 100 гласови за и ниеден против или воздржан, ја прифати номинацијата на досегашниот шеф на ЦИА, Леон Панета, за нов секретар за одбрана. Панета доаѓа на местото на Роберт Гејтс, кој ја напушта функцијата на 30 јуни. Гејтс беше секретар за одбрана повеќе од четири години, во кабинетите на двајцата претседатели - Џорџ Буш и Барак Обама. На местото на Панета во ЦИА, ќе дојде генералот Дејвид Петреус, кој сега е командант на американските и на меѓународните сили во Авганистан. 73-годишниот Панета со децении обавува јавни функции во САД, меѓу кои и конгресмен од Калифорнија и шеф на кабинетот на поранешниот претседател Бил Клинтон.
XS
SM
MD
LG