Достапни линкови

logo-print

Грција се соочува со проблеми во снабдувањето со струја


Вработените во најголемата електроенергетска компанија „ДЕХ“ во Грција стапија во штрајк поради одлуката на Владата да ја приватизира, во рамки на плановите за штедење. Продажбата на државниот удел во електроенергетската компанија е значаен чекор во приватизацијата, вредна 50 милијарди евра, која мора да биде завршена до 2015 година.
Во соопштението на компанијата се наведува дека девет термоелектрани не работат од денеска поради штрајкот и се апелира до потрошувачите да ја намалат потрошувачката на струја, осовено во текот на попладневните горештини.
XS
SM
MD
LG