Достапни линкови

logo-print

Папандреу ја предложи новата грчка влада


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, во настојување да ја надмине економската криза, изутрината ја предложи новата влада во која се извршени многу измени и која треба да добие поддршка во Парламентот.
Папандреу го смени министерот за финансии Јоргос Папаконстантину, кој беше архитект на спорната програма за штедење. На негово место го назначи досегашниот министер за одбрана Евангелос Венизелос.
Папаконстантину, пак, ќе стане министер за животна средина.
За шеф на дипломатијата во новиот кабинет е назначен Ставрос Ламбринидис, европратеник на ПАСОК.
За министер за одбрана е именуван Панос Бедлитис.
Папандреу се обидува со промените во владата, која е соочи со отпори од опозицијата, синдикатите и од сопствените редови, да обезбеди поддршка во Парламентот за својата програма за штедење.
Владата предложи да се намалат платите, да се зголемат даноците, да се намали бројот на вработени и да се приватизираат јавните компании. На тој начин оваа година треба да се заштедат над шест милијарди евра, што е предуслов да се добие нов кредит од ММФ и европските финансиски институции
XS
SM
MD
LG