Достапни линкови

logo-print

Утре, генерален штрајк во Грција


Грција утре ќе биде блокирана поради 24 часовниот генерален штрајк, организиран од синдикатите во знак на протест поради новите драстични економски мерки на владата. За оваа година со владината програма се предвидуваат финансии во износ од 6,4 милијарди евра, а до 2015 година 28,3 милијарди евра, кои треба да се обезбедат од даноци, укинување на работни места и намалување на платите и трошоците. Синдикатите протестираат и против владините планови за брза продажба на државната сопственост во вредност од 50 милијарди евра кои Грците треба да ги обезбедат до 2015.
XS
SM
MD
LG