Достапни линкови

Брисел препорача Хрватска да биде примена во ЕУ на 1 јули 2013


Европската комисија денеска даде зелено светло за прием на Хрватска во Европската унија од 1 јули 2013 година, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. ,,Европската комисија реши да му предложи на Советот на министри да бидат затворени и последните четири поглавја од вкупно 35 во преговорите со Хрватска за нејзиното присоединување кон Унијата, се вели во изјавата на Баросо, во која се оценува дека ова е историски ден за Хрватска и за целата Унија. ,,Хрватска денеска е подготвена за чекор напред, а тоа е знак и за останатите земји од Југоисточна Европа, дека ЕУ е конзистентна и реформите си ја прават цената,, додаде Баросо.
XS
SM
MD
LG