Достапни линкови

Тачи-на изборите победи албанската опозиција


Претседателот на ДПА Мендух Тачи

Претседателот на ДПА Мендух Тачи

На овие избори победи албанската опозиција, бидејќи за неа гласале 121 илјада гласачи, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи . Според него, ДПА победила во Тетово и околните општини, а во Скопје добила 10 пати повеќе гласови во однос на Изборите во 2009 година. Тој изјави дека сноси дел од одговорноста што не настапиле заедно како опозиција. Но катастрофална одговорност носат тие мали опозициски партии кои имаа и катастрофален резултат. На пример во изборната единица 6 ДПА има освоено 39 илјади гласови додека сите три други мали партии на Албанците имаат 26 илјади гласови. Заедно со нив ДПА ќе имаше 12, а ДУИ 5 пратеници и тука ќе завршевме, изјави Тачи.
XS
SM
MD
LG