Достапни линкови

Повторно судење за убиството на Ѓинѓиќ


Сретко Калиниќ

Сретко Калиниќ

Пред Специјалниот суд во Белград денеска почнува повторното судење на Сретко Калиниќ и на Милош Симовиќ за убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ. Судот одобри повторување на процесот, откако Калиниќ и Симовиќ лани беа уапсени во Хрватска по повеќе од седум години бегство. Тие во отсуство беа осудени на по 30 години затвор поради учество во убиството на премиерот и таа одлука останува во сила се до изрекувањето на нова правосилна пресуда.
XS
SM
MD
LG