Достапни линкови

logo-print

Авганистан-критики за не спречување на корупција


Маж поминува пред Кабулската банка

Маж поминува пред Кабулската банка

Антикорупционерите во Авганистан ги критикуваа денеска регулаторите дека не направиле многу за да ги спречат фискалните малверзации, што доведоа до колапс на најголемата приватна банка. Кабулската банка има вкупно 925 милиони долари во одобрени кредити. Таа беше превземенa од страна на Централната банка минатата есен. Авганистанските власти ветија дека банката ќе биде затворена и реконструира во согласност со барањата на Меѓународниот монетарен фонд. Во извештајот на антикорупциската комисија, меѓутоа се наведува декa Владата ќе може да поврати само две третини од кредитите, кои им биле дадени на видни Авганистанци, меѓу кои и на неколку министри кои сега се во Владата на Авгнистан. И Кабулската банка и Централната банка се изјасниле дека имаат блиски врски со владата на Авганистан.
XS
SM
MD
LG