Достапни линкови

Обама се сретна со полскиот претседател Коморовски


Претседателите на Полска и САД, Бронислав Коморовски и Барак Обама

Претседателите на Полска и САД, Бронислав Коморовски и Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ја повика Полска и останатите земји од Средна Европа заедно да соработуваат за промена на Белорусија и Украина. Она што се случува во Белорусија може да влијае на целиот регион, изјави Обама по разговорот со полскиот претседател Бронислав Коморовски. Задача на Полска која веќе го помина тој пат на демократија да им ја покаже патеката и на останатите земји. Обама денеска се среќава и со семејствата на жртвите од авионската несреќа во Смоленск, каде загина и полскиот претседател Лех Качински. Попладнево Обама ја завршува својата посета на Полска.
XS
SM
MD
LG