Достапни линкови

ЕУ го подржува ставот на Обама за мир меѓу Израелците и Палестинците


Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон денеска изјави дека Унијата долго време има заедничка позиција дека мировните преговори меѓу израелците и палестинците треба да се базираат врз границите од 1967-ма година. Тоа всушност беше и ставот на американскиот претседател Барак Обама, во последниот говор за Блискиот Исток, а според шведскиот шеф на дипломатијата, Карл Билд, многу слична е и позицијата на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG