Достапни линкови

„Каков белег ќе оставиме“ во Струга


Под мотото „Каков белег ќе оставиме“ граѓаните на Струга и претсавници на сите политички партии имаа можност да го дадат својот потпис за фер избори без инциденти и насилства, и на паноата поставени во центарот на градот да остават свој белег, при тоа давајќи свој придонес во кампањата за регуларен изборен процес. Кампањата ја спроведуваат Националниот демократски институт од САД заедно со неколку невладини организации. „Струга е третата општина која ја посетуваме и е дел од караванот Запад, бидејќи во исто време се спроведува истата кампања и во источниот дел на Македонија. Со оваа акција сакаме пораката за слободни и фер избори и за тоа колку е важно каков белег ќе оставиме за овие избори да ја пренесеме на сите граѓани“ изјави Александра Цветковска од Националниот демократски институт.
XS
SM
MD
LG