Достапни линкови

Цените на храната се зголемуваат во светот и претставуваат се поголем товар за потрошувачите. Особено се погодени земјите кои се премногу зависни од увоз на прехранбени производи. Во некои, увозот на храна е речиси 70 отсто, вели Лилијана Балби од Организацијата за храна и земјоделство, ФАО.

Во справувањето со високите цени на храната некои влади реагираат со контрола на нивните цени. Но, притоа, тие треба да бидат претпазливи или во спротивност контролата ќе генерира големи шпекулации, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, Лилјана Балби, економист во ФАО.

„Доколку тоа е универзално, тогаш цената на производот е фиксирана на сите пазари и за секој, што значи дека сите го имаат истиот бенефит, а не само делот од населението на кој тоа му е најпотребно.“
Субвенциите се проблематични, бидејќи е лесно да ги воведеш, но тешко да ги отстраниш. Се зависи од буџетот на владата. Доколку владата може да ја поддржи таа мерка, тогаш добро. Но, доколку таа станува товар и ако ги троши парите што би требало да ги инвестира во развој, тогаш тоа е проблем.

Во врска со втората најчеста мерка која ја преземаат владите во справувањето со високите цени на храната, субвенционирањето на чинењето на некои основни производи за да можат тие да им бидат достапни на граѓаните, Лилјана Балби вели:

„Субвенциите се проблематични, бидејќи е лесно да ги воведеш, но тешко да ги отстраниш. Се зависи од буџетот на владата. Доколку владата може да ја поддржи таа мерка, тогаш добро. Но, доколку таа станува товар и ако ги троши парите што би требало да ги инвестира во развој, тогаш тоа е проблем.“

Лилјана Балби прецизира дека тоа зависи од секоја земја посебно.

Што се однесува до забраната на извоз на прехранбени производи, таа оценува дека оваа мерка на владите во битката против високите цени дава ограничени резултати во самата земја, но и предизвикува големи проблеми во снабдувањето на регионално и светско ниво, што пак доведува до дестабилизирање на цените.


„Ние сметаме дека вистинската основна причина за оваа криза со цените на храната е неколку деценискиот недостиг на инвестиции во земјоделството. Единствената одржлива политичка мерка е да се зголеми производството на државно и на светско ниво. Производството не е зголемено со темпото на побарувачката предизвикано од порастот на населението“, наведува Лилјана Балби.

Таа додава дека ФАО препорачува зголемување на продуктивноста преку подобрување на производните техники, подобра употреба на земјоделската технологија и обезбедување поволни кредити за земјоделците.

Претходната криза со храната во 2008 година, како што додава, многу малку влади во светот ја искористија за да донесат вакви мерки.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG