Достапни линкови

САД и ЕУ планираат нови мерки против Сирија


Соединетите држави и Европската унија ќе преземат дополнителни мерки против Сирија поради задушувањето на демократските протести во таа земја. Ова го изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон по разговорите во Вашингтон со шефот на дипломатијата на Унијата Кетрин Ештон. Околу 700 цивили биле убиени во двомесечните протести против режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG