Достапни линкови

САД: воздржано признавање на либиските бунтовници


Махмуд Џибрил

Махмуд Џибрил

Соединетите држави се воздржаа од целосно дипломатско признавање на либиското бунтовничко движење, но Белата Куќа соопшти дека движењето е легитимен и кредибилен соговорник. Човекот број два во Националниот преоден совет Махмуд Џибрил претходно имаше средба со советникот на претседателот Барак Обама за национална безбедност Том Донилон. Во меѓувреме, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Луис Морено Окампо изјави дека в понеделник ќе побара налог за апсење на тројца либиски претставници за извршени злосторства против човештвото. Тој не ги објави имињата на осомничените.
XS
SM
MD
LG