Достапни линкови

Ерусалимската патријаршија ги прекина врските со романската Православна црква


Светиот синод на Ерусалимската патријаршија одлучи да ги прекине врските со романската Православна црква. Причината за тој чекор се романските црковни објекти изградени во Јерихон без благослов на патријаршијата. Изградбата на тие објекти почнала пред 10 години, а денес останале една црква и мал центар за црковно учење. Според Синодот, „ако и други православни цркви го следат примерот на Романската, тогаш во Светата земја ќе бидат 13 автокефални цркви што ќе значат православно несогласување, тешко за управување“. Во одлуката се додава дека верниците од Романија се добродојдени во Светата земја.
XS
SM
MD
LG