Достапни линкови

Индискиот премиер Синг во Авганистан


Индискиот премиер Манмохан Синг и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Индискиот премиер Манмохан Синг и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Индискиот премиер Манмохан Синг пристигна во Кабул во дводневна посета на Авганистан во текот на која со домаќините ќе разговара за регионалната безбедност. Индија е еден од најголемите донатори на Авганистан и од отстранувањето на талибанската власт во 2001 година досега за таа земја има потрошено над милијарда и 300 милиони долари. Ова е прва посета на индискиот премиер Синг на Авганистан во изминативе шест години. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи престојувал десетина пати во Индија.
XS
SM
MD
LG