Достапни линкови

Крвопролевање во Сирија, петмина загинати во Хомс


Очевидци и болнички извори тврдат дека најмалку петмина загинале во судирот на демонстрантите со сиријските безбедносни сили во градот Хомс денеска. Демонстрантите бараат оставка на претседателот Башар ал Асад. Првите немири избија кон средината на март, по протестите во Тунис и Египет. Шефот за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон апелираше до сиријските власти да ги разгледаат барањата на демонстрантите. „Народот во Сирија нема да се покори на тенкови. Му порачуваме на режимот да го промени курсот и тоа сега“ рече Ештон во Брисел.
XS
SM
MD
LG