Достапни линкови

logo-print

Одобрена екстрадицијата на Санадер во Хрватска


Судот во Салцбург денеска го одобри екстрадирањето на поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ Иво Санадер во Хрватска, јавија австриските медиуми. Претседателот на судот Ханс Ратхгеб ја потврди одлуката. Виенскиот адвокат на Санадер, Вернер Супан, веднаш најави жалба на одлуката на судот бидејќи тврди дека поранешниот хрватски премиер во неговата земја нема да добие фер судење. За жалбата ќе одлучува Високиот земски суд во Линц, а до одлуката на оваа судска инстанца од трет степен Санадер ќе остaне во притвор во Салцбург, каде се наоѓа од 10 декември минатата година.
XS
SM
MD
LG