Достапни линкови

logo-print

Предизборни партиски препукувања за пензионерите


Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски на денешната прес-конференција презентира дел од мерките што нивната партија ако дојде на власт ќе ги преземе, за да им обезбеди достоинствен живот на пензионерите. Според него, поради непродуктивно трошење на пари за проекти како што е “Скопје 2014“, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозила исплатата на пензиите, па тие ветуваат дека разумно ќе управуваат со државниот буџет. Меѓу мерките што се содржат во нивната програма се и воведување „државна социјална пензија“ за сите граѓани што се постари од 65 години, имаат помалку од 15 години работен стаж и не можат да остварат право на пензија и не можат да го докупат стажот што им недостасува, менување на начинот на усогласување на висината на пензиите со скратување на времето за усогласување од 6 на 3 месеци, нивен претставник во управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. СДСМ нема кредибилитет да зборува за пензионерите, бидејќи не остварил ништо од ветеното и секогаш кога биле на власт или пензиите биле замрзнати или се намалени за 8 % како во 2003 година, изјави на денешната прес конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, во изминатиот четири и пол годишен период, ги зголеми пензиите во просек за 33,5 %, а најниските пензии за 40%, за 28 % го зголеми износот на правото за помош и нега на друго лице, две години по ред пензионерите имаат можност да одат бесплатно на бања при што досега оваа можност ја искористиле над 10.000 пензионери.
XS
SM
MD
LG