Достапни линкови

Британија избрка уште двајца либијски дипломати


Вилјам Хејг

Вилјам Хејг

Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг изјави дека Британија избркала двајца либијски дипломати поради „активности спротивни на интересите на Обединетото кралство“ Изјавата на Хејг следи четири дена откако либијскиот амбасадор во земјата беше избркан по нападот на британската амбасада во Триполи. Дипломатот Орнар Јелбан замина од Британија во понеделникот. Обединетото кралство нема дипломатски претставници во Либија од почетокот на немиироте во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG