Достапни линкови

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список


Борис Кондарко - Претседател на ДИК

Борис Кондарко - Претседател на ДИК

Рокот за собирање потписи за предлагање листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од група ибирачи, што започна на 25 април, истекува на полноќ. Листите за независни пратеници, како и листите предложени од политичките партии најдоцна до утре на полноќ треба да се достават до Државната изборна комисија.
ДИК ќе организира жребување за утврдување на единствената листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на 13 мај.
Согласно календарот-роковник на Државната изборна комисија, денеска на полноќ истекува и рокот во кој македонските граѓани можат да извршат увид во Избирачкиот список и доколку имаат забелешки да достават барања за бришење или измена на податоци.
XS
SM
MD
LG