Достапни линкови

Романија станува транзитна точка за американската војска


Врховниот совет за одбрана на Романија синоќа го одобри користењето на аеродромот „Михаил Когалничану“ и на пристаништето Констанца за транзитирање кон и од Ирак и Авганистан, сооопшти денеска романскиот претседател Трајан Басеску, цитиран од агенцијата Аџерпрес. Басеску посочи дека до парламентот ќе се испратат писма, со кои законодавниот орган ќе биде информиран за донесената одлука. „Имаше седница со две точки на дневниот ред. Првата се однесуваше на барањето на САД да ги користат аеродромот „Михаил Когалничану“и пристаништето Констанца како инфраструктура за транзит за превоз на војници и воена техника кон Ирак и Авганистан, како и за транспорт на војници и воена техника од Ирак и Авганистан кон Европа“ рече Басеску.
XS
SM
MD
LG