Достапни линкови

Милошоски: Средбата Груевски - Папандреу била конструктивна


Освен дека била конструктивна, за сега не се знае дали на средбата биле приближени ставовите на двете страни за билатералниот спор

Освен дека била конструктивна, за сега не се знае дали на средбата биле приближени ставовите на двете страни за билатералниот спор

Конструктивна средба во функција на зголемување на довербата и приближување на ставовите за отвореното билатерално прашање, оцени шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски по денешните тет-а-тет разговори на премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Брисел. „Македонско-грчкиот дијалог за наметнатиот спор за нашето уставно име продолжува и понатаму. Сметаме дека е тоа најдобар начин - преку дијалог да се зголемува довербата и да се размислува истовремено на кој начин да се приближат позициите, а се со цел да создадеме услови да го решиме ова единствено билатерално прашање“ рече Милошоски. Тој не прецизира дали на средбата имало поместување и приближување на позициите, повторувајќи дека кај двете страни постои политичка волја за продолжување на дијалогот. Билатералниот спор меѓу Грција и Македонија за името, беше во фокусот и на состанокот што премиерот Груевски претходно го имаше со високиот преставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG