Достапни линкови

Напори за враќање на струјата во нуклеарката Фукушима


Јапонски инжењери ја продолжуваат работата за приклучување на нуклеарната централа Фукушима на електрична енергија. Се очекува тоа да овозможи и повторно работа на пумпите за вода кои се неопходни за разладување на прачките со нуклеарно гориво и спречување на ширење на радиоактивноста. Јапонските власти вчера го покачија нивото на опасност од нуклеарни кризи од четврто на петто ниво од можните седум колку што има на меѓународната скала. Највиското ниво досега било прогласено за време на катастрофата во Чернобил.
XS
SM
MD
LG