Достапни линкови

Груевски го кани Црвенковски на билатерална средба


Црвенковски и Груевски

Црвенковски и Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати покана до Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски за билатерална средба на која ќе се разговара за отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори во Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Натаму се додава дека оваа иницијатива на Груевски е во интерес на претстојниот изборен процес и приоритетите на Република Македонија. Груевски во својата покана, како што стои во соопштението, му оставил на Црвенковски да го одбере терминот за средба, а како денови му ги понудил понеделник или вторник.
XS
SM
MD
LG