Достапни линкови

Македонија готова да го дели товарот согласно приоритетите на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен денеска од министрите за одбрана на земјите-членки и државите кои не членуваат во НАТО, а придонесуват во мисијата ИСАФ, дополнителен придонес со сили од обучувачи и ментори, побара да се разгледа и можноста за дополнителни донации на фондовите за поддршка на мисијата и на авганистанските безбедносни сили.
Министерот за одбрана Зоран Коњановски на состанокот во Брисел изјави дека Република Македонија останува целосно посветена на споделување на товарот со Алијансата согласно нејзините приоритети, потврдувајќи ја на најдобар можен начин стратегиската определба да стане заслужен кредибилен и рамноправен дел од НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG