Достапни линкови

Градоначалникот на Кабул си поднесе оставка


Авганистан - градоначалникот на Кабул Забула Мујадади

Авганистан - градоначалникот на Кабул Забула Мујадади

Градоначалникот на авганистанската провинција во која се наоѓа главниот град на земјата Кабул, денеска си поднесе оставка и ја обвини владата на претседателот Хамид Карзаи за неисполнување на ветувањата. Забула Мујадади, кој пред две години беше избран за градоначалник на провинцијата Кабул, рече дека службениците во неговата администрација биле прераспределени без негово знаење. Тој дополнително ја обвини централната власт за неспособност за соодветно снабдување со ресурси.
XS
SM
MD
LG