Достапни линкови

Собранието ќе избира нов претседател на ДИК


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска закажа седница на која ќе започне постапка за избор на нов претседател на Државната изборна комисија. По оставка на претседателот на ДИК Александар Новаковски, со работата на Државната изборна комисија во моментов раководи заменикот - претседател на Комисијата Субхи Јакупи. Според оценката на претседателот на ДИК во оставка, Државната изборна комисија располага со капацитет за успешно совладување на сите предизвици и е подготвена стручно да спроведе избори кога Собранието на Република Македонија ќе одлучи за тоа, наведува Вељаноски во писмено соопштение.
XS
SM
MD
LG