Достапни линкови

Хашим Тачи премиер на Косово и во наредните 4 години


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Косовското Собрание синоќа избра нова Влада, чиј претседател ќе биде досегашниот премиер Хашим Тачи. „За“ составот на владата гласаа 65 од 67-те присутни пратеници на собраниската седница. Во новата Влада партиципираат Демократската партија на Косово, Алијансата за ново Косово, како и дел од партиите на косовските национални малцинства. Таа заедно со премиерот има 23 членови. Нејзини потпретседатели се Едита Тахири, Хајредин Кучи, Бујар Букоши и Слободан Петровиќ. Три опозициски партии не учествуваа во гласањето за изборот на Владата, откако ја напуштија седницата уште пред првото гласање за избор на шеф на државата. Претходно синоќа, косовското Собрание, во третиот круг на гласање, за претседател на Косово го избра Беџет Пацоли.
XS
SM
MD
LG