Достапни линкови

Германскиот министер Гутенберг се откажа од докторската титула


Карл Теодор Гутенберг

Карл Теодор Гутенберг

Германскиот министер за одбрана Карл Теодор Гутенберг побара анулирање на неговата докторска титула во услови на остри критики дека голем дел од неговата докторска теза е плагијат. Германските медиуми пренесоа обвинувања дека Гутенберг, еден од најпопуларните политичари во Германија, препишал одредени делови од неговата докторска теза без соодветно да ги цитира изворите. Универзитетот во Бејрут потврди дека го има примено барањето на Гутенберг. Триесет и девет годишниот политичар изјави дека има направено грешки во тезата но не ги призна обвинувањата за плагијат.
XS
SM
MD
LG