Достапни линкови

Повторно блокирани сметките на 10 фирми од „Перо Наков“


Основен суд Скопје

Основен суд Скопје

Истражниот судија при Основниот суд Скопје 1 денеска донесе одлука повторно да бидат замрзнати сметките на 10 правни лица од случајот Пајажина, по барање на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал. Привременото замрзнување е поради обезбедување на средства во врска со кривичните дела, кои се под истрага. Причината за таквата одлука на судот е поради тоа што правните и физичките лица кои се обвинети не поседуваат доволен имот за обезбедување на парите. Меѓу фирмите на кои им се замрзнати сметките се и А1 и А2 телевизија и весникот Време.
XS
SM
MD
LG