Достапни линкови

Кина пред Јапонија како втора економска сила во светот


Кина ја надмина Јапонија во поглед на економскиот раст, покажуваат споредбите на податоците за економскиот раст во двете земји. Јапонската економија бележи пад од 1,1 процент во четвртиот квартал од 2010 година, покажуваат официјалните податоци кои беа објавени денеска. Со тоа Јапонија веќе не е втора по големина економска сила по Соединетите американски држави. Тоа место сега и припаѓа на Кина, со бруто домашен производ од 5.474 трилиони американски долари. Намалената домашна потрошувачка и слабата побарувачка се сметаат за основни фактори кои придонеле кон падот на јапонската економија.
XS
SM
MD
LG